Евреите 13:16-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. А не заборавајте ги: добротворството и делењето со другите, зашто со такви жртви Му се угодува на Бога!

17. Бидете им послушни на вашите водачи и покорувајте им се, зашто тие бдеат над вашите души како оние, кои ќе одговараат за тоа; за да го прават тоа со радост, а не со воздишки, зашто тоа не би било полезно за вас.

18. Молете се за нас, зашто сме уверени дека имаме добра совест, и сакаме да се владееме добро во сè.

Евреите 13