Евреите 12:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Туку, вие пристапивте до Сионската Гора, и до градот на живиот Бог, Небесниот Ерусалим: до десетици илјади ангели,

23. до свечениот соборот и заедницата на првородените, кои се запишани на небесата, и до Бога - Судијата на сите, и до духовите на усовршените праведници;

24. до Исуса, посредникот на Новиот Завет и до крвта за попрскување, која зборува подобро од Авеловата.

25. Гледајте да не Го одбиете Оној Кој зборува! Зашто, ако не избегаа оние, кои Го одбија Оној Кој предупредуваше на земјата; уште помалку ќе избегаме ние, ако се отстраниме од Оној Кој зборува од небесата!

26. Неговиот глас ја потресе тогаш земјата, а сега ветува, велејќи: „ Јас ќе ги потресам уште еднаш не само земјата туку и небото.”

Евреите 12