Евреите 12:18-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Зашто, вие не пристапивте до гората, што може да се опипа и што е пламната во оган; ни до темнината, ни до мракот, ни до виорот,

19. ни до трубниот глас, ни до гласот на зборовите, за кои слушателите молеа да не им се зборува веќе,

20. зашто не можеа да ја поднесат заповедта: „Ако и животно се допре до гората, нека биде каменувано.”

21. А глетката беше толку страшна, така што и Мојсеј рече: „Исплашен сум и треперам.”

22. Туку, вие пристапивте до Сионската Гора, и до градот на живиот Бог, Небесниот Ерусалим: до десетици илјади ангели,

23. до свечениот соборот и заедницата на првородените, кои се запишани на небесата, и до Бога - Судијата на сите, и до духовите на усовршените праведници;

24. до Исуса, посредникот на Новиот Завет и до крвта за попрскување, која зборува подобро од Авеловата.

25. Гледајте да не Го одбиете Оној Кој зборува! Зашто, ако не избегаа оние, кои Го одбија Оној Кој предупредуваше на земјата; уште помалку ќе избегаме ние, ако се отстраниме од Оној Кој зборува од небесата!

Евреите 12