Евреите 10:36-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

36. Имено, вам ви е потребно трпение, за да ја исполните Божјата волја и да го добиете ветувањето.

37. Зашто: уште малку, мошне малку, и Оној Кој доаѓа ќе дојде, и нема да се забави.

38. А Мојот праведник ќе живее од верата, ако ли се повлече, Мојата душа нема да благоволи во него.”

39. А ние не сме од оние кои се повлекуваат за погибел, туку од оние кои веруваат за спасение на душата.

Евреите 10