5. Но царот Ахасвер ја прекина царицата Естира во зборот па ја праша: „Кој е тој? Каде е тој што намислил да направи нешто такво?” Тогаш Естира одговори: „Прогонувачот и непријателот е Аман, овој злосторник!”
6. Аман се исплаши пред царот и царицата.
7. Царот, гневен, го остави виното та отиде во градината на дворецот. Аман остана покрај царицата за да ја моли за својот живот, зашто увиде дека е готова неговата несреќа пред царот.