12. Аман уште додаде: „И царицата Естира не повика покрај царот никој друг, освен мене на гозбата што ја подготвила. И утре покрај царот само јас сум нејзин гостин.
13. Но сè тоа не може да ме направи среќен додека го гледам Евреинот Мардохеј како седи при царевата врата.”
14. Неговата жена Сереса му рече, и сите негови пријатели: „Направи бесилка висока педесет лакти. Утре наутро побарај од царот нека го обесат на неа Мардохеја. Потоа оди среќен со царот на гозба.” Советот му се виде добар на Амана, па тој нареди да се направи бесилката.