Естир 2:21-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Во она време кога Мардохеј седеше при царевата врата, Вихтан и Терес двајца цареви дворјанци, чувари на прагот, пламнаа со гнев и почнаа да смислуваат да подигнат рака против царот Ахасвер.

22. За таа нивна намера научи Мардохеј. Тој и соопшти на царицата Естира, а Естира му соопшти на царот во Мардохеево име.

23. Сè се истражи и завера беше откриена, па двајцата беа обесени на столб. Тоа беше запишано пред царот во книжниот свиток на Летописите.

Естир 2