Естир 1:20-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Кога таа наредба, што царот ќе ја даде, ќе се расчуе по целото царство, што е навистина големо, сите жени ќе им искажуваат почитување на своите мажи, од најголемиот до најмалиот.”

21. Зборот им се свиде и на царот и на неговите кнезови. Затоа тој направи како што му советуваше Мемукан.

22. Испрати писма во сите царски покраини, на секоја покраина со писмо со кое таа се служела, а на секој народ на негов јазик, за да биде секој маж господар во својата куќа.

Естир 1