6. да се вратат. Насилство врз насилство! Измама по измама! Не сакаат да Ме сознаат Мене,” зборува Господ.
7. Затоа вака зборува Господ над Воинствата: „Еве, ќе ги претопам и ќе ги испитам, та како и да постапуваат кон ќерките на мојот народ?
8. Јазикот им е убиствена стрела, на устата измамлив збор. ‘Мир со тебе,’ го поздравуваат ближниот, ама во срцето му подготвуваат стапица.
9. Па да не ги казнам заради тоа - говори Господ - да не му се одмаздам на таквиот народ?”
10. Заплачете, тажете над ридовите, ридајте над пустинските пасишта! Зашто изгореа, никој не минува, гласот на стадото веќе не се слуша. Од небесната птица до добитокот, сè избега, сè снема.
11. „Од Ерусалим ќе направам куп камчишта, шакалско живеалиште, јудејските градови ќе ги претворам во пустина каде што никој не живее.”
12. Кој е мудар, за да го разбере тоа, кому му зборуваше Господовата уста за да извести зошто изгоре земјата како пустина, и никој веќе не минува низ неа?
13. И Господ рече: „Зашто го оставија Мојот Закон што им го дадов и зашто не го слушаа Мојот глас, ниту го следеа,
14. туку ги следеа своето закоравено срце и Ваалите на кои нивните татковци ги научија.”
15. Вака зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: „Еве, ќе го наранам овој народ со пелин и ќе го напојам со горчлива вода.
16. И ќе ги распрснам меѓу народите кои не ги познаваа тие ни нивните татковци. А по нив ќе испратам меч, за да ги сотре.”
17. Господ над Воинствата зборува вака: „Внимавајте! Повикајте ги тажачките! Нека дојдат! Испратете по највештите! Нека дојдат!
18. Нека поитаат за да го запеат тажењето над нас! За да потечат солзи од нашите очи, за да потече вода од нашите клепки!
19. Од Сион достига тажењето: ‘О, како сме упропастени, многу засрамени! Зашто треба да ја оставиме земјата и да ги оставиме своите живеалишта.’”
20. И затоа, о жени, чујте го Господовото слово, и нека вашето уво го прими зборот од Неговата уста. Учете ги своите ќерки да тажат, да ридаат една за друга:
21. Смртта влезе скришум низ нашите прозорци, влезе во нашите дворови, ги покоси децата среде улицата, младите среде раскрсниците.