Еремија 8:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Како можете да тврдите: ‘Ние сме мудри, во нас е Господовиот Закон!’ Навистина, во лага го претвори лажната писалка на писарот!

9. Мудреците ќе бидат засрамени, исплашени и фатени во примка. Ете, тие го презреа Господовото слово! А нивната мудрост - што им ползува?

10. Затоа ќе им ги дадам нивните жени на странците, а нивните полиња на освојувачите. Зашто од најмалиот до најголемиот сите лакомат за плен, од пророкот до свештеникот сите се измамници.

11. И лесно ја лечат раната на Моите ќерки, викајќи: ‘Мир! Мир!’ Но нема мир.

12. Нека се засрамат дека направија гнасост, но тие веќе не знаат што е срам, не знаат веќе да зацрвенеат. Затоа ќе испаѓаат со оние што паѓаат, ќе се срушат кога ќе почнам да казнувам - зборува Господ.

Еремија 8