Еремија 8:16-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Од Дан достигнува цвилењето на неговите коњи, од ‘ржењето на неговите нескопени коњи трепери сета земја. Доаѓаат да ја голтнат земјата и сè што ја исполнува, градот и жителите во него.”

17. „Ете, пуштам на вас отровници, против кои нема чародејства; ќе ве каснуваат,” зборува Господ.

18. „Болка ме опфаќа, нема лек, срцето ми изнемошти.

19. Еве, викаат на помош ќерките на Мојот народ од далечна земја: „Зар Господ не е веќе на Сион? Неговиот цар?” „Зошто Ме разјарија со своите кипови, со туѓински ништожества?”

20. „Жетвата помина, летото мина, а ние не сме спасени!”

21. Сотрен сум зашто е сотрена ќерката на Мојот народ, тажен сум, опфатен од стравотии.

22. Зар во Галад нема балсам? Нема ли таму лекар? Та, зошто не и доаѓа оздравувањето на ќерката на Мојот народ?

Еремија 8