Еремија 7:15-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Ќе ве отфрлам од Своето лице, како што ги отфрлив сите ваши браќа, сето Ефремово потомство.

16. А ти не моли милост за овој народ, не кревај глас за нив и не моли, ниту се застапувај пред Мене, зашто нема да те послушам.

17. Не гледаш ли што прават по јудејските градови и по ерусалимските улици?

18. Децата собираат дрва, татковците запалуваат оган, жените месат тесто за да и испечат колачиња на ‘царицата на небото’ и им леат налевници на други богови за да Ме похулат.

19. Зар Мене Ме хулат со тоа - Господов збор е - а не себеси за свој срам?”

20. И затоа Господ Бог зборува вака: „Еве, Својот гнев и Својата јарост ќе ги излеам врз ова место, на луѓето и на добитокот, на полските дрва и на плодовите на земјата, ќе се распламени и нема да угасне.”

21. Вака зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: „На палениците додајте им и жртви, и јадете месо.

22. Јас ништо не им реков на вашите татковци за палениците и закланиците, ниту им заповедав нешто за тоа кога ги изведов од Египетската Земја.

23. Ова им го заповедав: ‘Слушајте го Мојот глас, па Јас ќе бидам ваш Бог, а вие ќе бидете Мој народ. Одете по патот по кој што ви заповедав, за да ви биде добро.’

Еремија 7