Еремија 6:15-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Нека се засрамат што направија гнасост, но тие веќе не знаат што е срам, не умеат веќе да црвенеат. И затоа ќе испаѓаат со оние што паѓаат, ќе се срушат кога ќе почнам да казнувам - зборува Господ.

16. Господ зборува вака: „Застанете на патишта, распрашајте се за некогашните патеки: Кој пат води кон доброто? Тргнете по него и ќе најдете спокојство за своите души! Но тие рекоа: ‘Не одиме!’

17. И им поставија стражари: ‘Внимавајте на гласот на рогот!’ Но тие рекоа: ‘Не ќе внимаваме!’

18. Затоа чујте, народи, и вие пастири на нивните стада!

Еремија 6