Еремија 6:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Бегајте, Венијаминови синови, од среде Ерусалим! Во Текуе затрубите во рог, на Вет Акерем издигнете бојно знаме! Зашто од Север се наднесе несреќа, голема пропаст.

2. Сионската ќерка е слична на убаво пасиште.

3. Кај неа доаѓаат пастирите со стадата. Насекаде околу неа оптегнаа шатори, секој пасе на својот дел.”

4. „Со неа зафатете свет бој! На нозе! Да нападнеме среде денот! Тешко ни, зашто денот навалува кон запад, а вечерните сенки се издолжуваат!

5. На нозе! Да нападнеме среде ноќта, да ги разурнеме нејзините дворови!”

6. Зашто Господ над Војските зборува вака: „Пресечете ги нејзините дрва, издигнете насип околу Ерусалим, тоа е град што е посетен, во него е сè само насилство.

Еремија 6