Еремија 51:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Убиените ќе паѓаат по Халдејската Земја, прободени по неговите улици.

5. Не, Израел - Јудеја - не е вдовица на својот Бог, Господ над Воинствата, иако е нивната земја полна со гревови, против Израелевиот Светец.”

6. Бегајте од Вавилон, секој нека го спаси својот живот, за да не изгине заради неговото беззаконие, зашто ова е време на Господовата одмазда, секому му плаќа според заслугата!

7. Вавилон беше златна чаша во Господовата рака, чаша што го испијани целиот свет. Со тоа вино народите се испијанија, и затоа народите се избезумија.

8. Одненадеж падна Вавилон, разрушен: затажете над него! Побарајте балсам за неговата рана: можеби ќе оздрави!

Еремија 51