Еремија 48:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Слушај! Лелеци се слушаат од Оронаим: ‘Грабеж, страшна пропаст!’

4. „Моав е здробен! се слуша врескањето на неговите мали.

5. Да, нагоре по ридот Луит се искачуваат плачејќи. Да, низ надолниците на Оронаим, се разнесува писокот над пропаста.

6. Бегајте, спасувајте го животот, угледајте се на пустинските ослиња!”

7. Зашто се надеваше во твоите тврдини, ќе бидеш и ти освоен. Хамос заминува на заточение, со своите свештеници и кнезови.

Еремија 48