Еремија 48:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Против Моав. Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Тешко и на гората Нево, зашто е запустена, засрамен е Киријатаим и освоен, тврдината засрамена, разурната,

2. ја нема веќе моавската гордост. Пропаста му ја сковаа во Есевон: ‘Ајде да го истребиме од народите!’ А ти, Мадмене, ќе бидеш разурнат, мечот веќе иде по тебе!

3. Слушај! Лелеци се слушаат од Оронаим: ‘Грабеж, страшна пропаст!’

Еремија 48