Еремија 47:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. заради денот што осуна за да ги истреби Филистејците, да ги сотре Тир и Сидон сè до последниот помагач. Зашто Господ ги истребува Филистејците, и сиот Остаток на Кафторските Острови.

5. На Газа ќе и биде избричена главата, Аскалон разурнат. А ти, Аштоду, Остаток на Анаковците, до кога тагата ќе те кине?

6. Леле, Господов мечу, кога ли ќе се смириш? Врати се во ножницата, застани и одмори се!

7. Но како да се смири, кога Господовата рака заповеда со него: против Аскалон и на морската песочина Тој го определи.

Еремија 47