Еремија 46:21-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. А и египетските наемници што како згоени телиња живееја и тие се свртија, се дадоа во бегство, не можат да устојат, зашто ги достасува Денот на пропаста, дојде време да бидат казнети.

22. Слушај! Како змија да с’ска, доаѓаат со сета сила, со секири се нафрлаат врз неа, токму како дрварите.

23. Ќе ја исечат гората - говори Господ - иако е непроодна. Ги има повеќе од скакулците, им нема број.

24. Засрамена е Египетската Земја, му е предадена на народот од Север.”

Еремија 46