Еремија 44:26-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Но затоа чујте го Господовото слово, сите вие Јудејци населени во Египетската Земја: ‘Еве, се заколнувам во Своето големо Име, зборува Господ. Во целата Египетска Земја ниту една јудејска уста не ќе го изговори веќе Моето Име: никој не ќе рече: „Живиот ми Господ!”

27. Еве, бдеам над нив, за несреќа, а не за нивно добро: сите луѓе што се во Египетската Земја ќе загинат од меч и од глад до потполно истребување.

28. И ќе бидат малку тие кои ќе му побегнат на мечот и ќе се вратат од Египетската Земја во Јудејската Земја. Тогаш сиот јудејски Остаток, сите кои што дојдоа во Египетската Земја за да живеат таму, ќе научат чиј збор е повреден, Мојот или нивниот.

Еремија 44