Еремија 4:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Лавот се крева од својата густа шума, погибелникот на народите излезе од своето место, тргна за да ја запусти твојата земја: ќе ги разурне твоите градови, ќе им ги снема жителите.

8. Затоа наметнете се со вреќишта, ридајте, тажете, зашто пламнатата јарост на Господа не нè одмина.

9. „Во оној ден - говори Господ - ќе им изнемошти срцето на царот и на кнезовите. Свештениците ќе бидат вчудоневидени, пророците молкнати.”

10. И ќе речат: „Ах, Господи, Боже, навистина нè измами тешко кога рече: ‘Ќе уживате мир’ а сега мечот ни е под грлото.”

Еремија 4