2. Во единаесеттата година на царот Седекија, во четвртиот месец, во деветтиот ден на месецот, навлегоа во градот.
3. Сите војсководачи на вавилонскиот цар влегоа па се сместија кај Средната Врата: Нергал Сар-Есер, кнезот Сам-Гарневон, Сар-Сехим, врховен заповедник, Нергал Сар-Есер, висок достоинственик, и сите други војсководачи на вавилонскиот цар.
4. Кога ги видоа Седекија, јудејскиот цар, и сите негови воини, почнаа да бегаат преку Царската Градина низ вратата меѓу два ѕида, ноќе излегоа од градот и тргнаа кон долината Араба.
5. Но халдејските чети ги гонеа и го настигнаа Седекија во Ерихонските Полиња. Го фатија, го одведоа во Ривла, во Ематската Земја, пред Навуходоносора, вавилонскиот цар, кој му изрече пресуда.
6. И вавилонскиот цар даде во Ривла, пред очите на царот Седекија, да ги заколат неговите деца. А вавилонскиот цар даде да бидат погубени и сите јудејски првенци.