Еремија 39:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во деветтата година на царот Седекија, јудејскиот цар, во десеттиот месец, Навуходоносор, вавилонскиот цар, тргна со сета војска против Ерусалим, та го опсади.

2. Во единаесеттата година на царот Седекија, во четвртиот месец, во деветтиот ден на месецот, навлегоа во градот.

3. Сите војсководачи на вавилонскиот цар влегоа па се сместија кај Средната Врата: Нергал Сар-Есер, кнезот Сам-Гарневон, Сар-Сехим, врховен заповедник, Нергал Сар-Есер, висок достоинственик, и сите други војсководачи на вавилонскиот цар.

4. Кога ги видоа Седекија, јудејскиот цар, и сите негови воини, почнаа да бегаат преку Царската Градина низ вратата меѓу два ѕида, ноќе излегоа од градот и тргнаа кон долината Араба.

5. Но халдејските чети ги гонеа и го настигнаа Седекија во Ерихонските Полиња. Го фатија, го одведоа во Ривла, во Ематската Земја, пред Навуходоносора, вавилонскиот цар, кој му изрече пресуда.

Еремија 39