Еремија 38:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Тогаш Авде-Мелех излезе од царскиот дворец, та вака му рече на царот:

9. „Господине, цару мој, овие луѓе прават зло кога постапуваат така со пророкот Еремија: го фрлија во јамата, каде ќе умре од глад, зашто нема леб во градот.”

10. Тогаш царот му заповеда на Етиопецот Авде- Мелех: „Поведи оттука тројца луѓе, па извлечете го пророкот Еремија од водособиралиштето, додека не умрел.”

11. И Авде-Мелех ги поведе луѓето, влезе во царскиот дворец, под ризницата: зеде таму малку износени и искинати облеки, та со јаже му ги спуштија на Еремија во јамата.

Еремија 38