4. Но чуј го Господовото слово, Седекија, јудејски цару! Господ ти го порачува ова: ‘Не ќе загинеш од меч,
5. ќе умреш во мир! И како што твоите татковци, твоите претходни цареви, ги покадија, и тебе ќе те покадат и ќе тажат по тебе: „Леле, Господару!”‘ Јас ти го зборувам тоа” - говори Господ.
6. И пророкот Еремија му ги предаде сите овие зборови на Седекија, јудејскиот цар во Ерусалим,
7. додека војската на вавилонскиот цар напаѓаше на Ерусалим и на останатите Јудини градови - на Лахис и на Азика, зашто само тие останаа од утврдените јудејски градови.