3. Ни ти нема да и избегаш на неговата рака. Да, ќе бидеш фатен и ќе те предадат во неговите раце: очи во очи ќе го гледаш вавилонскиот цар, уста во уста тој ќе зборува со тебе, и ќе бидеш одведен во Вавилон.’”‘
4. Но чуј го Господовото слово, Седекија, јудејски цару! Господ ти го порачува ова: ‘Не ќе загинеш од меч,
5. ќе умреш во мир! И како што твоите татковци, твоите претходни цареви, ги покадија, и тебе ќе те покадат и ќе тажат по тебе: „Леле, Господару!”‘ Јас ти го зборувам тоа” - говори Господ.
6. И пророкот Еремија му ги предаде сите овие зборови на Седекија, јудејскиот цар во Ерусалим,