Еремија 32:33-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. Ми ги свртија плеќите, а не своето лице, иако се трудев неуморно да ги поучам, ама не Ме слушаа ниту ја примија Мојата наука.

34. Поставија грозотии во Домот, што е наречен со Моето Име, за да го обесветат.

35. Му подигнаа високи места на Ваала во Долината Бен Еном, и своите синови и ќерки му ги поминуваа низ оган на Молоха - што Јас никогаш не им заповедав; ни на ум не Ми падна да прават такви гадости, ниту би го пуштил Јуда во таков грев.

36. Сепак, вака зборува Господ, Израелевиот Бог, за тој град за кого што вие велите дека ќе падне од меч, од глад и од помор, во рацете на вавилонскиот цар:

Еремија 32