Еремија 31:25-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. зашто Јас ќе ја закрепнам исцрпената душа, изобилно ќе ја нахранам истоштената душа.”

26. Како онаа: „Штом се разбудив, погледнав: сладок ли беше мојот сон!”

27. „Еве доаѓаат денови - Господово слово е - кога во Израелевиот дом и во Јудиниот дом ќе посеам човечко семе и животинско семе.

28. И како што некогаш бдеев за да ги откорнам, за да ги разурнам, за да ги истребам, за да ги сотрам и за да навалам несреќа врз нив, така сега ќе бдеам грижливо за да ги подигнам и за да ги посадам.

29. Во оние денови веќе не ќе се зборува: ‘Татковците јадеа кисело грозје, а на синовите им отрпнуваат забите.’

30. Туку секој ќе умре заради сопствената вина. И на оној што ќе јаде кисело грозје забите ќе му отрпнуваат.

Еремија 31