Еремија 27:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. И сите народи ќе им служат: нему и на неговиот син, и на синот на неговиот син, додека не чукне часот и за неговата земја, та силни народи и големи цареви не го покорат и него.

8. Ако некој народ, или царство, не сака да му служи на Навуходоносор, на вавилонскиот цар, не сакајќи да се впрегне во јаремот на вавилонскиот цар, тој народ ќе го казнам со меч, глад и помор - говори Господ - додека сосем не го затрам со неговата рака.

9. И така, не слушајте ги своите пророци, гатачи, сонувачи, своите ѕвездари-астролози и волшебници кои ви зборуваат: „Не, вие нема да му служите на вавилонскиот цар!”

10. Зашто тие ви пророкуваат лага само за да ве оддалечат од вашата земја, за да ве истерам па да пропаднете.

Еремија 27