Еремија 27:21-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Да, вака зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог, за садовите што останаа во Господовиот Дом, во дворецот на јудејскиот цар, и во Ерусалим:

22. „Ќе бидат однесени во Вавилон и ќе останат таму сè до денот кога Јас ќе отидам по нив - говори Господ. И јас ќе го донесам сè тоа и ќе го поставам на ова место!’”

Еремија 27