11. Ама народот кој ќе се впрегне во јаремот на вавилонскиот цар, за да му служи, ќе го оставам во мир во неговата земја - говори Господ - за да ја обработува и да живее во неа.’”
12. Сè тоа му го реков на Седекија, јудејскиот цар, говорејќи: „Впрегнете се во јаремот на вавилонскиот цар и покорете им се нему и на неговиот народ, за да останете живи.
13. Зошто да загинете, ти и твојот народ, од меч, од глад и од помор, како што Господ му се закани на народот што не ќе му се потчини на вавилонскиот цар?