Еремија 27:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во почетокот на царувањето на Седекија, синот Јосиин, јудејскиот цар, Господ му го упати на Еремија ова слово:

2. „Господ ми рече вака: ‘Направи си јажиња и јарем и стави си го на вратот.

3. Потоа порачај им на едомскиот цар, на моавскиот цар, на амонскиот цар, на тирскиот цар и на сидонскиот цар, по нивните пратеници кои дојдоа во Ерусалим кај јудејскиот цар Седекија.

Еремија 27