Еремија 26:6-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. ќе постапам со овој Дом како со Сило, и ќе направам овој град да биде проклетство за сите народи на земјата.”‘“

7. И свештениците и пророците и сиот народ го слушаа Еремија како ги проповеда тие зборови во Господовиот Дом.

8. А кога Еремија го изрече сè она што Господ му заповеда да му навести на сиот народ, свештениците и пророците го грабнаа, зборувајќи: „Ке платиш со главата!

9. Зашто пророкуваше во Господово Име: ‘Ќе постапам со овој Дом како со Сило, и овој град ќе биде запустен, та веќе никој не ќе живее во него!’” И сиот народ се собра против Еремија во Господовиот Дом.

10. Откако го чуја тоа, јудејските старешини дојдоа од царскиот дворец во Господовиот Дом, и седнаа пред Новата Врата на Господовиот Дом.

11. Тогаш свештениците и пророците им рекоа на старешините и на сиот народ: „Овој човек заслужува смрт, зашто пророкуваше против овој град, како што чувте со своите уши.”

12. Тогаш Еремија им рече на старешините и на сиот народ: „Господ ме испрати да пророкувам против овој Дом и овој град сè она што чувте.

13. Поправете ги, и така, своите патишта и дела, и слушајте го гласот на Господа, својот Бог: и ќе се покае за злото со кое што ви се закани.

Еремија 26