Еремија 26:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Можеби ќе послушаат и ќе се врати секој од својот лош пат, па ќе се покајам за злото што намислив да го направам заради нивните зли дела.’

4. Речи им: ‘Господ зборува вака: „Ако не Ме послушате за да одите по Законот што го ставив пред вас,

5. слушајќи ги зборовите на Моите слуги, пророците, кои ви ги праќам неуморно, иако досега не ги слушавте,

6. ќе постапам со овој Дом како со Сило, и ќе направам овој град да биде проклетство за сите народи на земјата.”‘“

Еремија 26