Еремија 26:21-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. А кога царот Јоаким со сите воини и заповедници ги чу тие зборови, бараше да го погуби. Штом го чу тоа, Уриј се исплаши и избега во Египет.

22. Но царот Јоаким го испрати во Египет Елнатан, синот Ахоров, со неколку луѓе;

23. тие го доведоа Уриј од Египет и го одведоа кај царот Јоаким, кој го погуби со меч, а неговиот труп го фрли во гробиштата на простиот народ.

24. Но Ахикам, синот Сафанов, го заштити Еремија, та не го предадоа во рацете на народот за да го погубат.

Еремија 26