Еремија 25:16-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Нека пијат додека не се затетерават и додека не обезумат од мечот што ќе го испратам меѓу нив.”

17. И ја зедов чашата од Господовите раце и ги напоив од неа сите народи кај кои што ме испрати Господ:

18. Ерусалим и јудејските градови со нивните цареви и кнезови, нека бидат урнатини, потсмев и проклетство, како што се и денес;

19. фараонот, египетскиот цар, со неговите слуги и кнезови, и со неговиот народ,

20. и сета онаа мешаница од народи: сите цареви на земјата Уз, сите цареви на Филистејската Земја, Аскалон, Газа, Акарон и она што остана од Азот;

21. Едом, Моав и Амоновите синови;

22. сите цареви на Тир, сите цареви на Сидон, царевите на островите преку море;

23. Дедана, Тема, Вуза и сите оние со истригани краеви на косата,

24. сите цареви на Арабија, сите цареви на мешаницата од народи, кои престојуваат во пустината;

25. сите цареви на Зимрија, и сите цареви на Елам, и сите цареви на Мидија;

Еремија 25