Еремија 24:1-2 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ ми покажа, и ете: две кошници смокви стоеја пред Господовиот Дом, откако Навуходоносор, вавилонскиот цар, ги одведе од Ерусалим и го заточи во Вавилон Јехониј, синот Јоакимов, јудејскиот цар, заедно со јудејските кнезови, со ковачите и браварите.

2. Во една кошница беа многу добри смокви, какви веќе се ранките смокви; а во втората беа расипани смокви, толку лоши што не можеа да се јадат.

Еремија 24