Еремија 23:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Да, ако беа на Моето советување, би му ги објавиле Моите зборови на Мојот народ, и би се обиделе да ги одвратат од нивниот лош пат и од нивните зли дела.

23. Та, зар Сум Јас Бог само од близу - говори Господ - зар од далеку веќе не Сум Бог?

24. Може ли некој да се скрие во тајни места та Јас да не го видам? - говори Господ. Не ги исполнувам ли Јас небото и земјата? - говори Господ.

25. Чув што зборуваат пророците, кои пророкуваат лаги во Мое Име и тврдат: ‘Сонував! Сонував!’

26. До кога ќе ги има меѓу пророците оние, кои пророкуваат лага и ја објавуваат измамата на своето срце?

Еремија 23