Еремија 22:26-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. И ќе ве фрлам тебе и мајката, која те роди, во друга земја каде што не сте се родиле; таму ќе умрете.

27. Но во земјата за која што копнеат да се вратат, нема да се вратат!

28. Та зар тој човек Јехониј е презрен сад, скршен? Или сад што никому не му се свидува? Затоа беа протерани тој и потомството, заточени во земја што им е сосем непозната?

29. Земјо, земјо, земјо, послушај го Господовиот збор.

Еремија 22