4. Зашто вака зборува Господ: ‘Еве те предавам на ужас, тебе и сите твои пријатели, и ќе загинеш од мечот на своите непријатели, со свои очи ќе видиш. И сета Јудеја ќе ја дадам во рацете на вавилонскиот цар. Тој ќе ги одведе на заточение во Вавилон и со меч ќе ги погуби.
5. И сето богатство на овој град, сиот негов - со труд спечален - имот и сите скапоцености, и сето благо на јудејските цареви, ќе ги предадам во рацете на непријателите. Тие ќе ограбуваат сè, ќе ограбат и ќе однесат во Вавилон.
6. А ти, Пасхор, ќе се преселиш во Вавилон со сите свои домашни. Да, ќе дојдеш во Вавилон и таму ќе умреш и ќе бидеш погребан, ти и сите твои пријатели на кои што им пророкуваше лаги.’”
7. Ти ме заведе, о Господи, и оставив да бидам заведен; Ти си посилен од мене и ме совлада. А сега сум им на сите за потсмев од ден во ден, секој ме исмејува.