Еремија 2:31-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. Од каков род ли сте? Чујте го Господовото слово: Зар му бев пустина на Израел, или мрачна земја? Зошто Мојот народ зборува: ‘Сакаме слобода, не сакаме веќе кај Тебе!’

32. Дали го заборава девицата својот накит, или невестата својот појас? А Мојот народ Ме заборави Мене, тоа веќе има безброј денови.

33. О, како го знаеш добро својот пат кога ја бараш љубовта! Затоа и на зло ги навикна своите патишта.

34. А и на твоите раце се наоѓа крвта на невините сиромаси: не ги најде како ја разурнуваат твојата врата. Да, ти ќе одговараш за сите нив.

35. А велиш: ‘Невина сум, Неговиот гнев се одврати од мене.’ Еве Ме да ти судам, зашто зборуваш: ‘Не сум згрешила.’

36. Колку си бедна во својата заблуденост! И Египетците ќе те засрамат како што те посрамија Асирците.

Еремија 2