Еремија 2:20-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Да, одамна ти го скрши својот јарем, ги скина твоите врски и рече: ‘Нејќам да робувам.’ Па сепак, на секое возвишено место, под секое зелено дрво легнуваше како блудница.

21. А Јас те засадив како избрана лоза, како племенита садница. Само како ли ми се измени во неплоден изрод, во дива лоза!

22. Да се измиеш и со луг, направен од многу пепел, ќе остане дамката на твоето беззаконие пред Мене - говори Господ Бог.

23. Како можеш само да речеш: ‘Не сум се извалкала, не одев по ваалите.’ Погледај ги своите траги во Долината, запознај што си направила. Брза камила што крстосува по своите патеки,

24. дивата ослица навикната на пустината, во својата сладострасност лакомо збива, кој ќе ја скроти во времето на водењето? Кој ја бара, нема да се замори, ќе ја најде во нејзиниот месец.

25. Чувај се да не ти обоси ногата, да не ти се осуши грлото. А ти велиш: ‘Не, напразно е! Зашто ги љубам странците, и по нив ќе одам.’

Еремија 2