Еремија 2:13-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Зашто Мојот народ направи две зла: Ме остави Мене, Изворот на живата вода, та си ископа кладенци за себе, испукани кладенци што не можат да држат вода.

14. Дали е Израел роб или слуга роден во куќата? Зошто стана плен?

15. Лавчиња рикаа на него, го подигаа својот глас. Во пустина ја претворија неговата земја, ги изгореа градовите, им ги нема жителите.

16. А и оние од Мемфис и Тафнес ти го бричеа темето.

Еремија 2