Еремија 17:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Потполошка што лежи на јајцата а не изведува е оној што со неправда придобива богатство: во средината на своите дни треба да го остави и на крајот останува безумник.”

12. Славен престол издигнат од дамнина, тоа е нашето свето место.

13. О Господи, надеж на Израел, сите кои што Те оставаат ќе се засрамат, кои ќе се одметнат од Тебе ќе бидат запишани во прав, зашто го оставија Изворот на живата вода.”

14. Исцели ме, Господи, и ќе бидам здрав, спаси ме, и ќе бидам спасен, зашто Ти си моја пофалба.

Еремија 17