Еремија 16:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И ми дојде Господовото слово и рече:

2. „Не земај жена за себе; и немај ни синови ни ќерки на ова место.”

3. Зашто Господ зборува вака за ќерките и синовите што ќе се родат на ова место, и за мајките што ќе ги раѓаат, и за татковците кои ќе ги имаат во оваа земја:

4. „Тие ќе умираат со непреболна смрт, никој не ќе ги оплачува, ниту ќе ги погребе. Ќе се претворат во гној за ораниците, ќе изгинат од меч и од глад, а нивните трупови ќе им бидат храна на небесните птици и на земните ѕверови.”

Еремија 16