Еремија 15:19-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Затоа Господ зборува вака: „Ако се вратиш, ќе те пуштам да Ми служиш пак; ако го оддвоиш скапоценото од безвредното, ќе бидеш Моја уста. Тие ќе се свртат кон тебе, но ти затоа не смееш да се завртиш кон нив!

20. Ќе направам од тебе за овој народ ѕид од бронза, непреземлив. Ќе се борат против тебе, но нема да те надвладеат зашто Јас Сум со тебе, за да те спасам и за да те избавам - зборува Господ.

21. Ќе те избавам од рацете на злосторниците и ќе те откупам од рацете на силниците.”

Еремија 15