15. Господи, спомни си за мене и посети ме, и казни ги моите гонители. Не давај да пропаднам поради спороста на Твојот гнев! Спомни си дека заради Тебе поднесувам срам.
16. Кога ми дојдоа Твоите зборови, јас ги голтав: Твоите зборови го восхитија и го зарадуваа моето срце. Зашто се викав со Твоето Име, о Господи, Боже над Воинствата.
17. Никогаш не седев во друштво на потсмевачи за да се развеселам. Осамен живеам под тежината на Твојата рака, зашто Ти ме проникна со јарост.
18. Зошто е мојата болка без пребол? Зошто е мојата рана неисцерива и никако да зарасти? Ах! Сакаш ли мене да ми бидеш како измамлив поток, со непостојани води?
19. Затоа Господ зборува вака: „Ако се вратиш, ќе те пуштам да Ми служиш пак; ако го оддвоиш скапоценото од безвредното, ќе бидеш Моја уста. Тие ќе се свртат кон тебе, но ти затоа не смееш да се завртиш кон нив!