Еремија 12:5-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Ако се уморуваш трчајќи со пешаците, како ќе се тркаш со коњите? Кога имаш надеж во мирната земја, како тогаш ќе врвиш низ јорданските шумки?

6. Зашто и твоите браќа и домот на твојот татко се дволични кон тебе! И тие те оцрнуваат зад грб со сета уста. Не верувај им кога ти зборуваат милно.

7. Го оставив својот дом, го напуштив своето наследство; возљубеницата на своето срце ја дадов во рацете на нејзините непријатели.

8. Моето наследство стана за мене како лав во гората. Зарика на мене, затоа го замразив.

9. Зар е моето наследство шарена птица околу која другите слетуваат отсекаде? Ајде, соберете се, сите диви ѕверови, дојдете да јадете.

10. Мнозина пастири го запустија моето лозје, го изгазија мојот дел; моето мило наследство го претворија во гола пустина,

11. го претворија во запустеност, жалосна пустина е пред мене. Сета земја е пуста зашто никој не го зема тоа при срце.

Еремија 12