4. До кога ќе тагува земјата, до кога ќе се суши тревата по сето поле? Заради нечесноста на нејзините жители пцовисуваат добитокот и птиците! Зашто зборуваат: „Господ не ги гледа нашите патишта.”
5. Ако се уморуваш трчајќи со пешаците, како ќе се тркаш со коњите? Кога имаш надеж во мирната земја, како тогаш ќе врвиш низ јорданските шумки?
6. Зашто и твоите браќа и домот на твојот татко се дволични кон тебе! И тие те оцрнуваат зад грб со сета уста. Не верувај им кога ти зборуваат милно.
7. Го оставив својот дом, го напуштив своето наследство; возљубеницата на своето срце ја дадов во рацете на нејзините непријатели.
8. Моето наследство стана за мене како лав во гората. Зарика на мене, затоа го замразив.
9. Зар е моето наследство шарена птица околу која другите слетуваат отсекаде? Ајде, соберете се, сите диви ѕверови, дојдете да јадете.
10. Мнозина пастири го запустија моето лозје, го изгазија мојот дел; моето мило наследство го претворија во гола пустина,
11. го претворија во запустеност, жалосна пустина е пред мене. Сета земја е пуста зашто никој не го зема тоа при срце.
12. Преку сите пустински голини, се нафрлија разурнувачи. Зашто во Господа е мечот што голта: од едниот крај на земјата до другиот нема мир за ниедно тело.
13. Сееја пченица, а пожнееја трње: се исцрпија без полза. Се срамат од својот производ, сè заради Господовата јарост.”
14. Господ зборува вака: „За сите Мои лоши соседи, кои напаѓаа на наследството што Му го дадов на Мојот народ Израел, Јас ќе ги откорнам од нивната земја. Но Јудиниот дом ќе го истргам од нивна средина.