9. И Господ ми рече: „Заверата е меѓу Јудејците и Ерусалимците.
10. Се вратија кон беззаконијата на своите татковци, кои се оглушија на Моите зборови, па трчаа по туѓите богови, за да им служат. Израелевиот дом и Јудиниот дом го прекршија Мојот Завет, што го склучив со нивните татковци.”
11. Затоа Господ зборува вака: „Еве, ќе доведам врз нив зло на кое не ќе му избегаат; ќе викаат кон Мене, но Јас нема да ги слушам.
12. Тогаш јудејските градови и ерусалимските жители нека викаат кон боговите на кои им кадат, но тие нема да им помогнат во време на неволја!
13. Зашто имаш, о Јудејо, богови колку и градови! И колку што има улици во Ерусалим, толку жртвеници подигнавте за да му кадите на Ваала.